Сајнц победи во „лудата“ трка во која најголема среќа е што нема загинати (Видео)

Карос Сајнц е победник на трката на патеката Силверстоун за големата награда на Велика Британија. Трката траеше повеќе од два часа и 20 минути, а на крајот Сајнц стигна до историски прв триумф, пред Перез и Хамилтон, кои го комплетираа победничкиот пиедестал.

Уште во првите неколку секунди се виде дека ова ќе биде трка за која ќе се зборува долго време. Уште по првите 2-3 свкиоци се случи тежок инцидент во кој настрадаа неколку болиди, а најтешко помина Кинезот Жу, кој заврши во оградата која е пред трибината каде што е публиката. За среќа, ниту еден од возачите не беше потешко повреден.

https://twitter.com/i/status/1543597529878626313

На патеката во текот на целата трка имаше возбудувања, претекнувања, надмудрувања на возачите, а на крајот Сајнц кој имаше одлични пневматици, успеа да го помине тимскиот колега Леклер и застана на првото место. Потоа Леклер беше поминат и од Перез и Хамилтон, па првиот фаворит за освојување на титулата, заврши на четвртото место. Актуелниот Ф1 првак Верстапен заврши на седмото место.

- Оглас -

Најнови вести