12.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Сака и Кејн се први фаворити да дадат гол на дербито во Лондон, Атлетико треба да ја сруши гранитната одбрана на Интер

Два натпревари посебно привлекуваат внимание во денешната понуда од Лигата на шампионите. Во дуел на перфектните, Арсенал е домаќин на Баерн Минхен. Овие екипи играа пред две сезони во четвртфиналето, кога дуелот во Лондон заврши 2:2, а потоа Баерн славеше дома со 1:0.

На тој меч во Лондон од пред една и пол година, прв гол даде Букајо Сака, кој сега има квота од 7 за повторно да биде првиот кој ќе ја затресе мрежата на противникот. Поголеми шанси од Сака за прв стрелец има само Хари Кејн, кој исто така и минатата сезона погоди на дуелот во Лондон.

Одлични се комбинациите и на стрелец на погодок со победник на натпреварот, а тука се и комбинациите за статистичките податоци, како што се бројот на жолти картони, вкупно удари кон голот, вкупно удари во рамките на голот, вкупно фаули, офсајди, корнери…

Атлетико Мадрид е во серија од пет победи по ред во сите натпреварувања и сигурно со голем оптимизам го пречекуваат Интер, кој е со перфектни четири победи во Лигта на шампионите сезонава.

Интер ја има најдобрата одбрана и прими само еден гол во претходните четири дуели, што значи дека Атлетико ќе има голем предизвик да ја пробие дефанзивната линија на Нераѕурите.

- Оглас -

Најнови вести