Сака медал во женска конкуренција, а не дозволува да ја нарекуваат жена и го има најчудниот стајлинг

Бизарностите поврзани околу Олимписките игри немаат крај. Последната спортистка која се најде во фокусот, а да не биде тоа остварениот резултат е Равен Сандерс. Американската натпреварувачка во фрлање ѓуле денеска беше дел од квалификациите, а се најде во фокусот поради нејзиниот изглед.

Лицето на Сандерс беше прекриено со црна маска, носеше наочари за сонце, а косата и беше офарбана во зелена и виолетова боја. Како што самата објасни, причина за таквиот нејзин изглед било за да може да се фокусира само на натпреварот.

Сандерс го фрли ѓулето до 18,62 метри и се пласира во утрешното финале, каде што ќе биде и меѓу фаворитите за освојување медал. На Игрите во Токио пред три години, Американката го освои сребрениот медал со фрлени 19.37 метри. Тогаш, во финалето, Сандерс се појави со маска на лицето како цртаниот херој Хулк.

„Порано не можев да го контролирам внатрешниот Хулк. Никогаш не можев да претпоставам кога ќе се појавеше. Но, во последниот период, посебно кога се борев со менталното здравје, научив да го контролирам. Сега знам да се претворам во Хулк кога е најпотребно и да срушам сè пред себе“, објасни Сандерс.

Контроверзиите околу Сандерс не застануваат тука. Американката постојано потенцира дека не сакаат да ја нарекуваат жена и да не ѝ се обраќаат со „ТАА“, туку со „ТОА“. Кај оваа спортистка нема дилема дека се работи за жена, но таа самата го негира тој факт.

- Оглас -

Најнови вести