Сака пред нов договор со кој ќе стане најдоброплатен фудбалер во Арсенал

Фудбалерот на Арсенал и стандарден член на англиската репрезентација, Букајо Сака, би можело да потпише нов договор со Топчиите, со кој неговата плата ќе се зголеми за четири пати и ќе стане најдоброплатен играч во тимот.

Договорот на Сака со Арсенал, тим во којшто е од својата седма година, истекува идното лето, но фудбалерот и управата се подготвени да го продолжат до 2028 година, пишува весникот „Мирор“.

Неделната плата на англискиот репрезентативец моментално е 70.000 фунти, а со новиот договор би требало да изнесува 300.000 фунти, па 21-годишниот фудбалер би станал најплатениот играч на клубот, надминувајќи го Габриел Жесус, кој заработува 250.000 фунти неделно.

Доколку стави параф на новиот договор, Сака нема да биде рекордер во Арсенал бидејќи сега веќе пензионерот Месут Озил играше за Топчиите за неделна плата од 350.000 фунти.

- Оглас -

Најнови вести