Фудбалерот на Арсенал, Бакајо Сака, се повреди на лондонското дерби против Тотенхем и не можеше да го продолжи натпреварот, па беше заменет. Така само се зголеми листата на повредени фудбалери кај Микел Артета, кој на прес-конференција откри дека Сака нема да биде во комбинација за гостувањето кај Аталанта во Лигата на шампионите, но тоа не е поради сериозноста на повредата, туку само од претпазливост за да може фудбалерот да се подготви за мечот со Манчестер сити.
„Мора да го прифатиме тоа што се случува и да продолжиме без фудбалерите кои во моментов се повредени“, рече Артета.
Арсенал во четврток гостува кај Аталанта во Лигата на шампионите, а веќе во недела ги чека гостување кај Манчестер сити.