Сакаа да го избегнат метежот по мечот, а го пропуштија моментот за којшто беа дојдени!

Фудбалерите на Арсенал вчера со 3:1 го добија дербито против Манчестер јунајтед. Неизвесно беше на „Емирати“ затоа што гостите поведоа, а Топчиите израмнија на 1:1. Во последните минути, Манчестер даде втор гол, кој потоа беше поништен, а во судиското надополнување следуваше шоу на Арсенал.

Со головите во 96-тата и 101-вата минута, Арсенал стигна до победа од 3:1 и голема радост на навивачите. Сепак, еден дел од фановите на Топчиите ја немаа среќата да се радуваат на овој пресврт.

Телeвизиската камера забележа десетици навивачи на Арсенал како го напуштаат стадионот при резултат 1:1, па тие само од надвор може да ја слушнат радоста за дадените два гола во судиското надополнување.

Едноставно, овие навивачи кои повеќе од 90 минути беа на трибините, на крајот останаа покуси за кулминацијата на натпреварот, па пропуштија да ги видат двата гола на нивниот омилен тим со кои стигнаа до трите бода во дербито.

 

- Оглас -

Најнови вести