Сакаа да го понижат Роналдо, па добија лекција за цел живот (Видео)

Луис Назарио де Лима Роналдо ќе биде запамтен како еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња. Бразилецот кој за многумина е „Вистинскиот Роналдо“, во париерата даде преку 400 погодоци, а ги предводеше Кариоките до светската титула на Мундијалот 2002 година.

Роналдо веќе подолг период е во пензија и за тоа време драстично ја зголеми својата тежина, но неговиот квалитет не е загубен. На еден меч на фудбал „пет на пет“, Роналдо покажа каков мајстор е.

За време на еден меч, противниците се обидоа да го исмеат Роналдо, но Бразилецот брзо им покажа кој е мајсторот и им оддржа лекција за цел живот. Ел Феномено тргна во напад, противникот не знаеше како да се одбрани, а на крајот топката очекувано заврши во голот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести