Англискиот првак Манчестер сити со 6:1 славеше против екипата на Киче од Хонг Кон, во пријателски меч. Граѓаните дадоа по три гола во двете полувремиња покажувајќи дека немаат милост дури и на контролни средби. Силва, Сане и Стерлинг погодија во првите 45 минути, а во вториот дел прецизни беа Сане, Туаизи и Поцо. Домаќините успеаја да се израдуваат на почесен погодок.
https://twitter.com/ManCity/status/1154009319534399488
https://twitter.com/ManCity/status/1154010346245562370
https://twitter.com/ManCity/status/1154018863933251584