0.8 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Сакаат да го омекнат откако ги доби на суд? ПСЖ му честиташе роденден на Мбапе

ПСЖ преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот поранешен напаѓач Килијан Мбапе. Францускиот фудбалер денеска полни 27 години.

„Килијан Мбапе слави 27 години! Среќен роденден, Килијан!“, напиша парискиот клуб.

Оваа објава изненади многумина, а има и шеговити коментари на сметка на европскиот првак. 

Мбапе беше играч на ПСЖ од 2018 до 2024 година. Неодамна суд во Париз ја отфрли тужбата на ПСЖ од 440 милиони евра против напаѓачот на Реал Мадрид и му наложи на францускиот клуб да му исплати на Килијан приближно 61 милион евра.

ПСЖ побара отштета од играчот, наведувајќи наводна финансиска штета и тврдејќи дека постапките на Мбапе им наштетиле на интересите на клубот. Судот ги отфрли овие аргументи и ги оцени барањата на Светците како неосновани.

Односот на ПСЖ со Мбапе не е пријателски откако тој како слободен играч прејде во Реал Мадрид, па затоа многумина ги зачуди честитката и бараат некаква позадина и се прашуваат кој е мотивот.

- Оглас -

Најнови вести