Сакал да го опијани Јокиќ со ракија, па веќе никогаш не му текна да пие со Србинот

Брус Браун до неодамна беше соиграч на Никола Јокиќ во Денвер нагетс, а во еден подкаст откри интересна анегдота што ја имал со МВП во финалето на НБА плејофот. Јокиќ беше најзаслужен што Денвер стигна до првата титула во клупската историја, а потоа следувало големо славје. Играчите и навивачите заедно славеле, а Браун откри дека сакал да го види Јокиќ пијан и имал план, но на крајот не му успеал.

Браун сакал да го опијани Јокиќ и на тој начин да го задржи центарот да не замине веднаш за Србија, но не му успеало.

„Цела ноќ целта ми беше да го опијанам Никола Јокиќ, но тој го смени сценариото. Има поголемо тело од мене и не размислив за тоа. Испивме малку ракија и јас веќе бев готов. Веќе нема да пијам со него. Ја научив лекцијата“, открива Браун, кој летово направи трансфер и од Денвер замина да игра во Индијана.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести