Сакари прави чуда на Отвореното првенство на САД, загуби само два поени на прв сервис за полуфинале во Њујорк

Марија Сакари прави чуда во Њујорк и ќе игра во полуфиналето против тениското чудо Ема Радукану, а сега е сигурно дека на Отвореното првенство на САД ќе има нова шампионка, односно тенисерка што никогаш не освоила пехар на гренслем-турнир.

Сакари ја елиминира Каролина Плишкова со победа од 6:4, 6:4, а сервираше фантастично. Загуби само два од 25 поени на прв сервис и не ѝ дозволи на противничката да стигне до панса за брејк, што е реткост кај дамите во четвртфинале на гренслем.

На тенисерката од Атина ва ѝ е второ полуфинале, по тоа на Ролан Гарос сезонава, а победата им ја посвети на своите сограѓани и сонародници, кои летово настрадаа во пожарите во Грција.

Сакари ќе игра за финале против тинејџерската сенација Ема Радукану, која има само 18 години и на турнирот сè уште нема загубено ниту еден сет.

Радукану, која игра за Велика Британија, но има потекло од Романија, може да стане единствената тенисерка на Отвореното првенство на САД што во ерата на Отворените првенства, односно од 1968 година освоила пехар, а го почнала турнирот во квалификациите.

Во второто полуфинале ќе играат 19-годишната Лејла Фернадес од Канада против Арина Сабаленка од Белорусија. Ниту една од овие четири тенисерки нема гренслем-пехар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести