Само неколку дена откако ја промовиравме акцијата за зголемена исплата во SPORT LIFE обложувалниците на 1.000.000 денари за тикети до 20 натпревари, го добивме и првиот МИЛИОНЕР. Во Гостивар синоќа „падна“ милионско ливче. Со уплата од 7.300 денари и 10 погодени натпревари, еден наш играч имаше на што да се радува, ја освои најголемата добивка.
Играчот решил да ризикува и тоа му се исплатило. Вложил 7.300 денари и без никакви услови решил да го „брка“ милионот, а тоа се покажало успешно.
ОДЛИЧЕН ПОЗНАВАЧ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ДУЕЛИ
Паузата во најквалитетните фудбалски првенства во Европа, всушност, се покажа како нарачана за познавачите на репрезентативниот фудбал. Експертот од Гостивар одиграл ливче на кое има повеќе парови на национални селекции.
Комбинирано, Лигата на нациите со африканскиот Куп на нациите и уште неколку двојки од помалите европски лиги, доволно за добивка од милион денари.
Добитникот одиграл дека Тунис ќе победи на гости кај Свазиленд и дека ќе даде најмалку два гола (победа од 2-0), Мали да слави на гостувањето кај Јужен Судан (3-0), Грузија да слави против Летонија (1-0).
Од клупските мечеви, КПВ лесно со 3-0 го победи Кајани во Финска, а Мјалби победи и ги даде потребните два гола за типот 1 и Т1 да биде добитен. Нумансија даде еден гол, и тој од пенал, но доволно да победи против Елче за тип „кец“. Во данската втора лига, АБ Копенхаген убедливо со 6-0 победи на домашен терен против Сковшовед за тип 1 и Т1, а без проблеми излезе „единица“ и на дуелот Сантандер – Аренас, откако домаќините победија со 4-0.
Последни на ливчето биле два пара од репрезентативно ниво. Оливие Жиру во 75-тата минута погоди за победа на Франција против Холандија (2-1), а Нико Шулц од Хофенхајм ја комплетираше радоста со голот во 85-тата минута за победа на Германија против Перу од 2-1 и погоден тип 1.