Кристијано Роналдо е идол на многу генерации, а неговата препознатлива прослава на голот е предизвик дури и за сите оние кои рекреативно играат фудбал. Еден фан на Роналдо, кој сакаше да го имитира него и неговото препознатливо „Сиииииииууу“, се повреди и заврши во болница.
На рекреативен меч беше постигнат гол, а стрелецот сакаше да прослави во стилот на Роналдо. Човекот, кој очигледно има вишок на килограми, кога скокна и сакаше да направи „Сиииииииууу“, падна откако едното колено буквално му откажа, па на крајот заврши во болница.