Сакаше да го види Роналдо? Абрамович по три години се појави на „Стемфорд бриџ“

Сопственикот на лондонскиот Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович, во живо го гледаше дербито не неговиот тим против Манчестер јунајтед кое се играше во неделата и според англиските медиуми, тоа било прво појавување на Роман на „Стемфорд бриџ“ по повеќе од три години.

Роман имаше проблем со добивање британска виза, но тоа беше решено кога во 2018 година Русинот зеде израелско државјанство и сега без проблем може да влегува во Велика Британија.

Абрамович е сопственик на Челзи од 2003 година, а пред овој меч, тој својот клуб последен пат го имаше гледано во мај, во Порто, кога Сините победија во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер сити со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести