Дефанзивецот на полски ЛКС Лоѓ, Мачеј Домбровски, стана жртва на сопствениот неуспешен обид да направи атрактивен потег, поточно ножички. Овој 32-годишен фудбалер се самоповреди при гостувањето на ЛКС Лоѓ кај Арка Гдиња во неделата.
Домбровски наместо топката, со коленото си го удри носот, ударот беше толку силен што предизвика фрактура и играчот мораше принудно да биде заменет.
Еве како изгледаше целата ситуација и несреќниот момент:
https://twitter.com/i/status/1234518831114047489