19.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Сакаше да прослави во стилот на Кристијано Роналдо, па ги скина лигаментите на коленото (Видео)

Нисколигашките бразилски екипи на Монте Азул и Гремио Пруденте одиграа 1-1 во Копа Паулиста, но натпреварот го одбележа тешката повреда на еден гостински фудбалер.

Тој во 79-тата минута изведе пенал, домашниот голман одбрани, но одбиената топка се врати во неговите нозе, па втората шанса беше и гол за израмнување на 1-1. Фудбалерот се обиде да прослави во стилот на Кристијано Роналдо, но при прославата се повреди, а прегледите покажаа дека се работи за скинати лигаменти на коленото, па сега го очекува долга пауза.

- Оглас -

Најнови вести