Легендарниот боксер Мајк Тајсон без негова вина се најде во центарот на еден инцидент. Тајсон бил гостин на еден стендап настап во еден клуб, кога неочекувано пред него се најде еден човек.
Агресивниот човек почна да го провоцира Тајсон и да го предизвикува да се тепаат. Челичниот Мајк остана смирен и само го гледаше непознатиот. Обезбедувањето на Тајсон се обиде да го исфрли човекот, но тој извади пиштол и ситуацијата стана покомплицирана.
Луѓето почнаа да бегаат, а Тајсон мирно го повика човекот да дојде кај него. Легендарниот боксер покажа каков господин е и го прегрна потенцијалниот напаѓач покажувајќи дека му простува за неговото агресивно однесување.