12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Сакаше и тоа да биде дел од играта: Куче украде копачка и втрча на терен (Видео)

Дуелот меѓу Стронгсет и Национал Портоси во боливиското првенство стана посебно интересен, и тоа не поради умешноста на фудбалерите на теренот, туку поради едно куче. Во текот на мечот, неочекувано кучето влезе на теренот и тоа со копачка во устата, која ја „украде“ од една од резервните клупи.

Кутрето неколку секунди „лудуваше“ на теренот, а потоа реагираа фудбалерите. Му ја зедоа копачката, а потоа го фатија и него. Без многу противење, кучето го напушти теренот, но успеа да ги насмее сите со својот перформанс во тие неколку секунди поминати на теренот.

- Оглас -

Најнови вести