Сакате да играте од 0-2 гола, македонската лига е создадена за тоа

Скопскиот дуел меѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров е дербито на второто коло во Првата македонска фудбалска лига. Македонија ЃП е само една од двете екипи кои во првото коло победија и тоа со еден постигнат гол против Пелистер. За разлика од Лавовите, Шкупи во првото коло одигра без голови кај Брегалница.

Традицијата од последните седум меча на овие два тима вели дека дури пет завршиле со не повеќе од еден погодок, а само два биле 3+. Ако се знае дека и денеска времето ќе биде топло и тешко за играње, тешко е за очекување да има голеада.

Во првото коло одиграно минатата недела, сите шест меча од македонското првенство завршија со 0-2 гола, а реално и денеска тешко е некаде да се очекува отворена игра со многу погодоци. Освен дуелот Шкупи – Македонија ЃП, од 17 часот ќе играат и Борец – Тиквеш, Скопје – Брегалница, Шкендија – Ренова и Струга Пелистер. Во 20 часот се игра средбата Академија Пандев – Работнички.

 

- Оглас -

Најнови вести