Пари Сен Жермен и Барселона одиграа неколку натпревари за паметење, а особено возбудлив беше двомечот во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2017 година, кога имаше вкупно 11 голови, а Каталонците на неверојатен начин со победа од 6:1 на „Камп Ноу“ ја анулираа негативата од 0:4 од првиот меч во Париз и го елиминираа ПСЖ.
Вечерва од 21 часот избраниците на Рпланд Куман ќе бидат во слична ситуација, но сега како гости на „Паркот на принцовите“, откако загубија дома со 1:4.
Реваншот за Барса не остава никаков простор за калкулации, им требаат најмалку 4 гола за нов подвиг што би бил историски во Лигата на шампионите, што би значало атак кон голот на домаќините од првата минута.
ПСЖ има опасни и брзи напаѓачи предводени од Килијан Мбапе, кој имаше фантастично шоу на „Камп Ноу“ и со хет-трик ја демолира Барселона.
Традицијата на ефикасни мечеви, од кои последните три се со вкупно 16 голови, резултатот од првиот меч, 1:4 што не остава простор за калкулации и многу размислување, но и Мбапе и Меси и една дузина екстра-квалитетни играчи во двата состави повторно ветуваат гол-шоу, што е можност и за добра заработка.
Ако сакате ризик и големи коефициенти, се чини дека денеска нема подобар меч за да се одигра 7+ во Sport Life за коефициент од 14.5.