Сакате сигурен „икс“ за денеска: Следете ја традицијата на Атлетико Мадрид – Жирона

Атлетико Мадрид се надева дека со победа против Жирона, ќе го задржи второто место на табелата во Примера дивисион и по комплетирање на 30-тото коло. „Јорганџиите“ вечерва на свој терен се големи фаворити против каталонскиот противник и многумина очекуваат сигурна победа на Атлетико.

Дека домаќините во Мадрид се големи фаворити покажува и моменталната табела. Атлетико има 59 бода, а Жирона со 34 бодови е на 13-тото место и уште нема обезбедено опстанок. Сепак, кога е во прашање традицијата, тогаш овој меч никако не може да заврши со победа на домаќините.

Атлетико и Жирона досега имаат одиграно пет меча и интересно е тоа што сите завршиле нерешено. Во есенскиот дел од сезоната, Жирона беше домаќин и дуелот заврши 1-1. Сезонава овие два тима играа и во Купот на Шпанија, и тоа во јануари оваа година. Кога Каталонците беа домаќини, беше 1-1, а потоа на реваншот во Мадрид мечот заврши 3-3 и Атлетико беше елиминиран.

Без победник завршија и двата меча на овие два тима одиграни во минатата сезона. Тогаш беше 2-2, кога Жирона беше домаќин, а на теренот на „јорганџиите“ резултатот беше 1-1. Дали вечерва ќе има продолжување на традицијата или Атлетико конечно ќе покаже дека е фаворит, останува да видиме на мечот кој започнува во 19:30 часот.

Ако верувате во традицијата, „икс“ на овој меч во Sport Life обложувалниците е 4.40, па вреди и да се ризикува.

 

- Оглас -

Најнови вести