Сакраменто и Индијана ќе се загреваат во Индија

Сакраменто кингс и Индијана пејсерс од следната година своите претсезонски подготовки ќе ги започнат во Мумбаи, Индија. Овие две франшизи ќе влезат во историјата како првите професионални спортски екипи од САД кои одиграле меч на индиско тло.

Предвидени се две средби меѓу Кингси и Пејсерси, кои ќе се одиграат на четврти и петти октомври.

Големо влијание врз проширувањето на најсилната кошаркарска лига во светот имаше и сопственикот на Сакраменто, Вивек Ранедивај, кој е роден во Мумбаи, а франшизата од Калифорнија ја купи во 2013 година.

НБА-лигата е најпопуларна кошаркарска лига во Индија, каде што се пренесуваат над 350 натпревари годишно, а дури на 78 од нив се со индиски коментатор.

- Оглас -

Најнови вести