Сакраменто по 17 години повторно ќе игра во плејоф (Видео)

Сакраменто кингс го понижи Портланд трејблејзерс победувајќи го со 40 поени разлика (120:80) и за првпат по пауза од 17 години ќе игра во плејофот.

https://twitter.com/SacramentoKings/status/1641292032139460610?s=20

Кралевите на шест натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната имаат скор од 46 победи и 30 порази, додека шестиот тим на Западот, Голден стејт вориорс има учинок од 40 победи и 37 порази.

Тимот на Сакраменто последен пат играше во плејофот во сезонава 2005/06, а најзаслужен за успехот е генералниот менаџер Монте Мекнер, кој во последните две години направи неколку одлични потези, од драфтот ги зеде Тајрис Халибартон и Киган Марин, а преку размени ги донесе Домантас Сабонис и Кевин Ертер.
Кралевите до победата која ги внесе во плејофот ги предводеа Монк со 19, Фокс со 18, Ертер со 17 и Сабонис со 15 поени и 12 скока.

Милвоки бакс во неверојатен натпревар во Индијанаполис ја совлада Индијана пејсерс со 149:136 и се зацврсти на лидерската позиција на Истокот со скор 55-21. Клучен момент беше третата четвртина во која играчите на Милвоки постигнаа 46 поени. Неверојатен меч одигра Џру Холидеј, кој постигна 51 поен, додека Јанис Адетокумбо оствари трипл-дабл од 38 поени, 17 скока и 12 асистенции.

Џоел Ембид откако го прескокна мечот против Денвер и главниот конкурент за МВП трофејот, Никола Јокиќ, се врати на терените и го победи Далас. Неговата Филаделфија славеше со 116:108, а Ембид постигна 25 поени и имаше девет скока.

ЛА лејкерс ја продолжува борбата за пласман во разигрувањето за титулата и со 110:121 го победи Чикаго булс и на шест меча до крајот има скор од по 38 победи и порази. Предводник на Лејкерси беше Ентони Дејвис со 38 поени и 10 скока, додека Леброн Џејмс постигна 25 поени.

Резултати: Индијана – Милвоки 136:149, Бруклин – Хјустон 123:114, Њујорк – Мајами 101:92, Филаделфија – Далас 116:108, Чикаго – ЛА лејкерс 110:121, Мемфис – ЛА Ккиперс 132:141. Оклахома сити – Детроит 107:106, Сан Антонио – Јута 117:128, Феникс – Минесота 107:100, Портланд – Сакраменто 80:120.

- Оглас -

Најнови вести