Сакраменто се избори за мајсторка, ЛА Лејкерс веќе е во полуфинале на Западот (Видео)

Екипата на Сакраменто Кингс израмни на 3-3 и се избори за мајсторка, откако го совлада Голден Стејт на гостински терен со 99-118. Гостите клучната предност на натпреварот ја направија во третата четвртина која ја добија со убедливи девет поени предност, а разликата во продолжение од мечот само растеше се до конечните 19 поени во корист на Сакраменто.

Најпрецизен на теренот беше кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, со 29 поени. Во победничката екипа Монк уфрли 28 поени, додека Фокс 26.

Екипата на ЛА Лејкерс без никакви проблеми стигна до конференциското полуфинале на Западот, откако го прегази составот на Мемфис со дури 40 поени разлика, односно 125-85. Победникот се надзираше уште во првата четвртина која ја добија домашните со 31-20. Интересно ЛА Лејкерс успеа да победи во сите четири периоди. Расел со 31 поен и Џејмс со 22 поени беа најпрецизни во победничката екипа, додека Алдама со 16 поени ги предводеше стрелците во поразениот тим.

ЛА Лејкерс ќе ја чека мајсторката од дуелот помеѓу Сакраменти и Голден Стејт за да го дознае својот противник во полуфиналето на Западот.

- Оглас -

Најнови вести