Сакраменто се засили, легендата Думарс ќе биде специјален советник на „кралевите“

Легендата на Детроит пистонс Џо Думарс е новото засилување на Сакраменто кингс, но не на теренот, туку во раководните структури на клубот.

Генералниот менаџер на „кралевите“ Владе Дивац го одбра некогашниот голем ривал за свој близок соработник. Во нивната ера Лос Анџелес лејкерс и Детроит пистонс биеја незаборавни битки за титулите во НБА, а сега ќе бидат блиски соработници во обидот Сакраменто да стане конкурентен за атак на трофејот во најсилната лига на светот.

„Бевме големи ривали на теренот, но Џо е легенда на НБА лигата и се радувам што ќе ми биде специјален советник во обидот да напредуваме. Очекувам многу од Думарс, кој е еднакво талентиран оперативец како што беше и на паркетот во НБА лигата“, изјави Дивац.

Сакраменто има перспективен состав, а прва цел во следната сезона во НБА е да се обезбеди настап во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести