Мохамед Салах беше екстра брз, постигна гол за Ливерпул во 56-тата секунда против Митјиланд и стана клупски рекордер во Лигата на шампионите.
Египќанецот го постигна 22-риот погодок за Ливерпул во Лигата на шампионите и го престигна легендарниот капитен на Црвените, Стивен Џерард, кој има постигнато 21 гол во луксузното натпреварување.
https://twitter.com/Reds_ENG/status/1336732555912110081?s=20
Ливерпул води во Данска со 1:0, а Салах има можност да постигне уште некој погодок и да се зацврсти на врвот на клупската листа со најдобри стрелци во историјата на Лигата на шампионите.