Ливерпул и Фудбалската федерација на Египет се договорија, Мохамед Салах до 13-ти декември ќе биде со својот клуб, а потоа ќе му се приклучи на националниот тим кој треба да игра на Африканскиот куп на нации.
Салах својот последен натпревар за Ливерпул пред Африканскиот куп на нации ќе го игра против Брајтон на 13-ти декември. Потоа египетскиот репрезентативец ќе ѝ се придружи на својата селекција. Крајниот рок за неговото патување беше 15-ти декември.
Финалето на АФКОН е на 18-ти јануари и ако Египет стигне до крај, Салах ќе пропушти седум натпревари на Ливерпул, меѓу кои и дербито со Арсенал во Лондон на 8-ми јануари.

