Ливерпул и Ајакс си дадоа по еден гол во првите 30 минути од дуелот на двата трофејни клуба во Лигата на шампионите. Мохамед Салах донесе радост на „Енфилд роуд“ со погодок во 17-тата минута, но само 10 минути траеше предноста на домаќините.
150 goals for king @MoSalah
— B/R Anfield (@lfc_allting) September 13, 2022
Ајакс, кој во претходното коло со 4:0 го растури Ренџерс, сега стигна до 1:1 во Ливерпул со голот на Кудус во 27-мата минута. Овие два погодоци се најава за уште возбудувања на овој меч.
По првите 30 минути во мечевите кои сега се играат во ЛШ, погодок има само уште во Порто, каде што Бриж на гости води со 1:0.