17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Салах е лут на УЕФА за нејзината почит кон „палестинскиот Пеле“

Палестинскиот фудбалер Сулејман Ал-Обеид почина во средата по воздушен напад на израелските сили во јужниот дел на појасот Газа, а УЕФА преку социјалните мрежи му оддаде почит на еден од најдобрите палестински фудбалери во историјата, познат како „Палетинскиот Пеле“.

„Се збогуваме со Сулејман Ал-Обеид, „палестинскиот Пеле“. Талент кој им даде огромна надеж на безброј деца, дури и во најтемните времиња“, објави УЕФА.

Во објавата не се споменуваше причината за неговата смрт, што го натера Египќанецот Мохамед Салах да побара повеќе детали од УЕФА:

„Можете ли да ни кажете како почина, каде и зошто?“, беше реакцијата на ѕвездата на Ливерпул, кој го критикуваше недостатокот на информации во објавата, и брзо предизвика илјадници реакции.

Ал-Обаид постигна повеќе од 100 голови, за селекцијата играше во квалификациите за СП 2014, загина на 41-годишна возраст, а беше татко на пет деца.

- Оглас -

Најнови вести