Мо Салах и Египет обезбедија настап на Мундијалот во Катар, вечерва со реми 2:2 против Ангола, а играчот на Ливерпул уште една ја покажа фудбалската магија со прекрасна асистенција и потоа имаше слатки маки.
https://twitter.com/JDNalton/status/1459258737584230406?s=20
Дури тројца навивачи на Ангола втрчаа на терен на стадионот „11 Ноември“ за да си направат фотографија за спомен.
Салах стоеше кротко, но обезбедувањето реагираше брзо и не дозволи селфи на сред терен во Луанда, а интересно е што мечот поради инвазијата на терен на навивачите беше трипати прекинуван.
На крајот од 2:0 за Ангола, Египет стаса до 2:2 сосема доволно за прво место во Ф групата и за настап на Светското првенство во Катар.