Салах е толку добар, што во Египет ќе воведат училиштен предмет по него

Мохамед Салах е еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Актуелниот член на Ливерпул блеска на стартот на новата сезона, а несекојдневна вест доаѓа од неговиот роден Египет, каде што е најавено дека ќе се воведе училиштен предмет кој што ќе го носи името и презимето на овој фудбалер.

Предметот „Мохамед Салах“ ќе се изучува во основните школи, каде што главна цел ќе биде изучување на националната гордост, претставување на нацијата и за тоа како може со скромност да се стане голема ѕвезда.

Предметот ќе биде еден вид култура, којашто ќе им помогне на децата во нивниот развој. Книгите веќе се печатат, а Салах во првата наредна прилика ќе ги посети училиштата и ќе одржи час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести