Салах го надмина Анри, на следниот меч треба да дојде ред да го „прескокне“ и Лампард

Ливерпул незадржливо граби кон титулата во Премиер лигата, откако вчера убедливо со 4:1 го победи Ипсвич. Еден гол во оваа убедлива победа даде Мохамед Салах кој сезонава едноставно е незапирлив за противничките одбрани.

Голот што го постигна египетскиот голгетер е посебно значаен затоа што тој беше 176-ми погодок за него во Премиер лигата и се искачи на седмото место на најдобри стрелци во историјата. Зад Салах сега останува Тјери Анри кој има 175 погодоци. Следниот предизвик за голгетерот на Ливерпул е да го надмине и Франк Лампард кој застана на 177 погодоци во англиското првенство што значи дека уште на следниот меч може да се нападне ова постигнување на леендата на Челзи.

На листата на најдобри стрелци во Премиер лигата и понатаму неприкосновен е Алан Ширер со 260 голови, пред Хари Кејн со 213, Вејн Руни со 208, Енди Кол има 187, Серхио Агуеро 184, Лампард 177, Салах 176, Анри 175, Роби Фаулер 163, Џермејн Дефо 162…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести