5.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Салах го одбил Фенербахче, изборот му е или Ливерпул или…

Кога почнаа проблемите на релација Мохамед Салах-Ливерпул, турскиот гигант Фенербахче тргнал во офанзива по египетскиот крилен напаѓач, но добил негативен одговор од агентите на Мо.

Агентот Рами Абас рекол дека Турција не е на нивната агенда и додал: „Тој или ќе остане во Ливерпул или ќе оди во Саудиска Арабија“.

Салах го загуби своето место во стартниот состав на Ливерпул поради несогласувања со менаџерот Арне Слот. Египетската ѕвезда одигра 20 натпревари за Ливерпул оваа сезона, постигнувајќи 5 гола и запишувајќи 4 асистенции. Договорот со англискиот гигант му истекува во летото 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести