Тројца важни играчи на Ливерпул се на „излезна врата“ затоа што нивните договори истекуваат на крајот од сезонава. Мохамед Салах, Трент Александер-Арнолд и Вирџил ван Дајк се на крстопат, а според легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, најаважно е да се потпише договор со централниот дефанзивец Ван Дајк, додека Салах беше „заборавен“.
„„Уф, не знам. Знаете на што мислам, би рекол дека Ван Дајк најдобро се справува со оваа ситуација сезонава. Очигледно ова е многу важен момент за сите тројца играчи. Но, мислам дека наместо да зборувам за Трент Александар-Арнолд или Мо Салах, веројатно би сакал да му оддадам почит на Вирџил ван Дајк. Се надевам дека ќе го продолжи договорот“, рече Карагер кој работи како аналитичар во Скај Спорт.
Салах сезонава игра блескаво, тој е најдобар стрелец и асистент, па веројатно токму затоа почувствува дека треба да му одговори на Карагер, кој го заборави како клучен играч кој треба да го продолжи договорот со гигантот од „Енфилд роуд“.
„Почнав да мислам дека сте опседнати со мене“, беше реакцијата на Салах кон Карагер.
Легендата на Ливерпул повторно реши веднаш да врати и напиша „Отсекогаш сум бил опседнат со тебе. Се надеваме дека таа опсесија ќе продолжи и следната сезона“, порача Карагер.
Салах е во Ливерпул од 2017 година кога дојде од тимот на Рома.
I’m starting to think you’re obsessed with me 😉 https://t.co/YAnwbaHdRi
— Mohamed Salah (@MoSalah) January 6, 2025