Се чини дека навивачите на Ливерпул конечно може да здивнат, барем кога станува збор за Мохамед Салах. Престижниот „Дејли мејл“ пренесува дека преговорите околу продолжувањето на договорот се во напредна фаза и се чека само официјализација на продолжувањето на соработката на Црвените со египетскиот репрезентативец.
Според нив, со заминувањето на Трент Александер-Арнолд се отвора голем простор во финансиската конструкција на клубот, па Ливерпул може да ги исполни барањата на Салах.
Воедно, медиумот пренесува и информација дека Трент Александер-Арнолд ќе се пресели во Реал Мадрид уште пред Светското клупско првенство во САД, а Кралевите за предвременото ослободување ќе му платат на Ливерпул пет милиони фунти.
Според одлуката на ФИФА, договорите на фудбалерите кои истекуваат летово се продолжуваат до завршувањето на Светското клупско првенство за оние екипи кои ќе настапат.