Репрезентацијата на Египет ја победи Уганда со 2:0 во третото коло од групата А на Африканскиот куп на нациите и само потврди дека е еден од главните фаворити за златото на континенталниот шампионат. Првата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах, покажува дека е вистински лидер. Напаѓачот на Ливерпул погоди во 36-тата минута за водство на Египет, а триумфот го потврди Елмохамеди пред крајот на првото полувреме.
Египет во групната фаза завршува со максимални 9 бодови, и тоа без ниту еден примен гол. Уганда и покрај поразот, го задржа второто место во групата и сигурно ќе игра во нокаут-фазата.
Најубедливата победа во досегашниот дел од Афкон ја забележа ДР Конго во дуелот против Зимбабве. Конго даде по два гола во двете полувремиња за убедливи 4:0 и обезбедување на третото место, кое може да им донесе влез во следната фаза.