Салах и Мане го вратија Ливерпул во победнички колосек, но херојот е Милнер (видео)

Голема заслуга за победата на Ливерпулд од 2-1 против Борнмут има привремениот капитен Џејмс Милнер. Жртвувањето на искусниот играч за врска при еден напад за гостите буквално го спаси триумфот на Црвените. Ливерпул инаку го урна сопствениот рекорд со 22 последователни премиерлигашки победи на домашен терен

Се играше 60-тата минута кога Фрејзер се најде во 100% ситуација да израмни на 2-2, меѓутоа Милнер успеа да ја стигне топката и да ја спречи да влезе во голот пред самата линија.

Претходно домаќините дојдоа до пресврт уште во првиот дел преку Салах и Мане, откако Вилсон изненади со погодок во деветтата минута.

Ливерпул по 29-тото коло има 82 бода на лидерската позиција на табелата, додека Борнмут останува во битката за опстанок на 18-тото место со 27 бода.

- Оглас -

Најнови вести