Салах и Шаќири доволни против Фулам

Џердан Шаќири има два гола и три асистенции на пет од последните шест меча за Ливерпул, и таа форма ја потврди и против Фулам, со погодокот со кој ја запечати судбината на гостите од Лондон. Ливерпул славеше со 2:0, а првиот гол беше дело на Мохамед Салах.

Египќанецот првпат даде гол против Фулам, и од ривалите во Англија со кои што играл, сега тој нема постигнато погодок само против Манчестер јунајтед и Свонси. Голот на Салах дојде само 14 секунди откако на другата страна на Митровиќ му беше досуден офсајд.

После овој меч, Ливерпул со 30 бода привремено го презеде првото место во Премиерлигата, а Фулам остана последен со само пет бода во 11 кола.

- Оглас -

Најнови вести