Преговорите меѓу Мохамед Салах и Ливерпул се во завршна фаза и многу брзо Египќанецот ќе потпише нов договор со клубот. Ова го објавија истовремено трансфер-експертот Фабрицио Романо и новинарот на „Тајмс“, Пол Џојс.
Тоа важи и за капитенот Вирџил ван Дајк, кој пред два дена изјави дека има напредок во преговорите со клубот за нов договор.
Ова значително ќе ги смири навивачите на тимот и менаџерот Арне Слот, кои во текот на целата сезона беа загрижени дали Салах, Ван Дајк и Трент Александер-Арнолд ќе останат на „Енфилд“.
По сѐ изгледа дека единствено десниот бек ќе си замине летово и ќе потпише за Реал Мадрид како слободен агент.
Салах одбил огромна понуда од Саудиска Арабија и дури се согласил малку да ја намали својата сегашна плата во Ливерпул за да добие подолг договор.