30.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Салах им ја плати сметката за гориво на сите кои беа на бензинската

Ѕвездата на Ливерпул, египетскиот фудбалер Мохамед Салах, вчера направи гест кој нема да го заборават сите оние кои беа во негова близина на една бензинска. Салах им го плати бензинот на сите кои во тој момент се најдоа на истата бензинска пумпа во една населба на периферијата на градот Ливерпул.

Салах често се вклучува во хуманитарни кампањи и помага за различни потреби, а овојпат реши својата добрина и човечност да ги покаже спонтано. Фудбалерот на Ливерпул облечен во клупска опрема полнел гориво за својата кола и предизвикал внимание од останатите луѓе кои во тој момент биле наоколу.

Насмеаниот Салах го поздрави човекот кој го сликал на бензинскат, и кажал дека на сите кои се најдоа „на вистинско место во вистинско време“ ќе им го плати бензинот.

 

- Оглас -

Најнови вести