Салах има мегапонуда од 100 милиони евра годишно за да се пресели во Саудиска Арабија

Договорот на Мохамед Салах со Ливерпул истекува на крајот од оваа сезона, а иако раководството и навивачите посакуваат да го задржат својот најдобар фудбалер, сепак, се чини дека тоа ќе биде невозможно.

После заминувањето на Нејмар, во екипата на Ал-Хилал сакаат да доведат нова голема ѕвезда, а изборот е токму репрезентативецот на Египет. Понудата на клубот од Саудиска Арабија за Мохамед Салах е неверојатни 100 милиони евра годишно, а Ливерпул не може да му понуди ниту блиску до оваа сума.

Веќе е добро познато дека парите не се никаков проблем за екипите од Саудиска Арабија, па и ваквата понуда за „фараонот“ не е никакво изненадување.

- Оглас -

Најнови вести