Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, вчера имал негативен тест на ковид-19 и добива дозвола да тренира со тимот, но денеска повторно ќе биде тестиран, а тоа го очекува и утре, по што дефинитивно ќе се знае дали Египќанецот в среда ќе смее да игра на дуелот со Аталанта од Лигата на шампионите.
Салах се зарази на свадба кај брат му и поради тоа пропушти неколку меча на Ливерпул и египетската селекција. Црвените и без него го победија Лестер, но менаџерот Клоп би бил среќен ако го има 28-годишниот Мо на располагање и в среда против Аталанта.
„Ми кажаа дека Мохамед бил негативен денеска, а утре е тестирањето на УЕФА за ЛШ и прилично сум сигурен дека и таму ќе има негативни резултати. Тој може да тренира со нас, но како и сите ние, треба да се тестира уште двапати за да може да игра против Аталанта и наредниот викенд во Премиер лигата“, изјави синоќа Клоп.