-3.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Салах има понуди од шест држави, но веќе е јасно каде ќе ја продолжи кариерата

Мохамед Салах во моментов се наоѓа на подготовки со репрезентацијата на Египет пред почетокот на Африканското првенство и останува неизвесно дали воопшто ќе се врати во Ливерпул по конфликтот што го имаше со Арне Слот.

Веднаш се појавија шпекулации дека Салах ќе биде продаден уште во јануари, па започнаа да се редат понуди на негова адреса. Екипи од шест различни првенства покажаа интерес, но се чини дека никој нема да може да понуди ни приближно колку екипите од Саудиска Арабија.

Екипите од Франција, Италија, Германија и Шпанија имаат најмали шанси. Пред нив е и понудата од екипата на Сан Диего од МЛС-лигата, но Арапите му нудат неверојатни 1,14 милиони евра неделна плата, нешто што е тешко да се одбие.

Сепак, останува нејасно дали Ливерпул навистина ќе се одлучи да го продаде уште во јануари или ќе сочека до летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести