5.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Салах испиша историја во Премиер лигата, нема подобар од него!

По бурните неколку денови во кои не се знаеше дали Мохамед Салах повторно ќе го облече дресот на Ливерпул, големата ѕвезда ги „закопа воените секири“ со тренерот Арне Слот и одигра 75 минути на мечот против Брајтон.

Салах мечот го започна од клупата за резерви, но на теренот се појави многу брзо, откако во 25 минута влезе во игра на местото на повредениот Џо Гомес. Египетскиот голгетер беше еден од најзаслужните за победата, а при вториот погодок, асистираше за погодокот на Екитике.

Со оваа асистенција, Салах испиша историја во Премиерлигата. Тој е фудбалерот кој во дресот на еден клуб успеал да запише најмногу голови и асистенции, односно директно да учествува во постигнување на погодок.

Салах во дресот на Ливерпул директно учествувал во постигнување на 277 голови. Популарниот Мо досега има постигнатно 188 голови, а има и 89 асистенции. Со ова, Салах го надмина рекордот на Вејн РУни кој како играч на Манчестер јунајтед директно учествуваше во реализација на 276 голови од кои имаше 183 голови и 93 асистенции.

На оваа листа следуваат легенди како Рајан Гигс, Хари Кејн, Тјери Анри, Франк Лампард, Серхио Агуеро, Стивен Џерард…

- Оглас -

Најнови вести