21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Салах ќе ги пропушти следните два меча за Египет, Ливерпул испрати лекарски тим

Фудбалската федерација на Египет објави дека Мохамед Салах ќе ги пропушти наредните два натпревари (со Зеленортски острови и евентуалното осминафинале) за репрезентацијата на Африканскиот куп на нации.

Од клубот на Салах, Ливерпул, планираат да испратат свој лекарски тим во Брегот на слонова коска и сами да ја проверат состојбата на напаѓачот.

Египетската ѕвезда се повреди на мечот со Гана, а тоа ги загрижи менаџерот Јирген Клоп и навивачите на тимот кој се бори за титула во англиската Премиер лига.

Ако Египет испадне, Салах порано ќе се врати во Англија, а ако физичката состојба му дозволи, тој би можел да заигра уште на средбата со Челзи на 31-ви јануари. Ако Египет стигне до четвртфиналето, тогаш Салах би можел да заигра за Фараоните на 2-ри или 3-ти февруари.

Египет има седум титули африкански првак, но последната ја освоија во 2010 година, една година пред Салах да заигра за националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести