Третото коло од Премиер лигата ќе се затвори со најголемото дерби кое моментално не поседува таков сјај, меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“. Двете екипи се во потрага по првата лигашка победа сезонава, а според мнозинството, Ливерпул вечерва (21 часот) ќе освои три лесни бода бидејќи ситуацијата во редовите на Јунајтед е очајна.
Како и да е, фокусот од дуелот ќе биде насочен кон Мохамед Салах, првата ѕвезда на гигантот од Мерсисајд. Имено, популарниот Фараон го чека својот јубилеен 10-ти погодок против Црвените ѓаволи, по што би станал најефикасен играч во историјата на Ливерпул во дербијата против лутиот ривал.
Sportlife нуди 4.50 квота за Салах да биде прв стрелец на дербито
Салах моментално е на девет погодоци против Црвените ѓаволи, исто колку што забележа и легендата Стивен Џерард. Од тие девет, седум му се во Премиер лигата и два во рамките од ФА купот. Инаку, Салах на последното гостување на „Театарот од соништата“ постигна хет-трик во големиот триумф од 5-0 за неговиот Ливерпул, па затоа и се очекува од него барем еднаш да ја затресе мрежата на Де Хеа.