Фановите на Ливерпул доживеаја вистински шок во последните месеци. По слабите настапи и разочарувачките резултати, а особено по ремито 3-3 против Лидс во 15-тото коло од Премиер лигата, египетската ѕвезда Мохамед Салах изјави дека ќе се збогува со навивачите на клубот и откри дека не се чувствува добро третиран.
„Им кажав на моите родители да дојдат на натпреварот со Брајтон. Не знам дали ќе играм или не, но ќе уживам. Ќе бидам на „Енфилд“ за да се збогувам со навивачите, а потоа ќе одам на Купот на Африка. Не знам што ќе се случи додека сум таму“, изјави Салах.
„Може да дадам еден пример? Глупав е, но жал ми е. Се сеќавам кога Хари Кејн не даде гол 10 мечеви по ред. Медиумите велеа дека сигурно ќе даде на следниот натпревар. А кога станува збор за мене, веднаш почнуваат да велат дека треба да седам на клупа. Извини, Хари!“, додаде напаѓачот.
„По сè што направив за клубот, навистина боли. Можете да го замислите тоа. Го познавам клубот премногу добро, тука сум многу години. Џејми Карагер повторно ќе ме нападне, но во ред е“, заврши Мохамед Салах.

