Ливерпул конечно одигра натпреар каков што се очекува од екипа која минатата година играше во финалето во ЛШ, а титулата во Премиер лигата му избега само за еден бод и со убедливи 1:7 славеше на гостувањето кај Ренџерс.
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, конечно проработе, постигна дури три гола и се запиша во историјата на Лигата на шампионите остварувајќи го најбрзиот хет-трик во елитнто натпреварување.
Салах трите гола на стадионот „Ајброкс“ ги постигна за шест минути и 12 секунди.
Прво во 76-тата минута зголеми на 1:4, а потоа во 80-тата и во 81-вата минута постигна уште два гола.
Со тоа Салах го надмина рекордот што досега го држеше Бафетимби Гомис, кој во 2011 година за осум минути даде три гола во триумфот на Олимпик Лион од 1:7 на гостувањето кај Динамо Загреб.
Невообичаен рекорд поставија и напаѓачите на Тотенхем, Хари Кејн и Хеонг-мин Сон. Тие си асистираа еден на друг 50 пати во сите натпреварувања, 43 пати си асистираа при постигнувањето на головите во Премиер лигата, по два пати во ЛШ и во ФА купот и по еднаш во Лигата на Европа, Лигата на конференции и квалификациите за Лигата на Европа.