Веќе извесно е дека Мохамед Салах налето си заминува од „Енфилд роуд“ по девет години престој во редовите на актуелниот шампион на Англија. Репрезентативецот на Египет е далеку од препознатливата форма, а сигурно дека проблем е и конфликтот што го имаше со тренерот Арне Слот и раководството на Ливерпул.
Црвените активно се во потрага по негов наследник, а се чини дека ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго, ќе биде новата „11-ка“ на Ливерпул. Бразилецот е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, а премиерлигашот сака тоа да го искористи.
Вредноста на Родриго во моментов е 60 милиони евра, сума која воопшто не претставува проблем за Ливерпул, па очекувањата се дека двете раководства ќе најдат заеднички јазик налето.

