26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Салах нападнат на социјалните мрежи поради што се сликаше покрај Божиќната елка во својот дом (фото)

Лавина од негативни коментари го нападнаа профилот на Мохамед Салах на социјалната мрежа „Твитер“. Ѕвездата на Ливерпул се сликаше со своето семејство покрај накитената Божиќна елка во својот дом, а на многумина тоа не им се допадна бидејќи Салах е муслиман.

На неговата објава вниманието го привлекоа коментарите како:

„Ние сме муслимани и не треба да славиме, ниту да честитаме празници на друга религија“.

„Како ќе му објасниш на твојот Креатор дека денес си христијанин, а утре муслиман“.

https://twitter.com/MoSalah/status/1342221816161595398

- Оглас -

Најнови вести